Доброволното масовно тестирање на граѓаните на коронавирус во Хонг Конг ќе започне на 1 септември. Тестовите ќе бидат бесплатни за жителите на градот, во кој живеат околу 7,5 милиони луѓе, кои се борат со третиот бран на инфекција ковид-19 во последните неколку недели.
Тестирањето ќе трае седум дена, по што владата ќе ја разгледа програмата и ќе објави дали ќе го продолжи за уште една недела.
Хонг Конг потврди 27 нови случаи на ковид 19, со што вкупниот број потврдени случаи во градот достигна 4.631.
Можеби ќе ве интересира: