Во последните 24 часа на Косово се регистрирани 119 нови позитивни случаи на коронавирус, со што вкупната бројка на заразени се искачи на 13 100.
Во последното деноноќие се евидентирани и 154 излекувани пациенти, така што бројот на лица кои ја совладале болеста достигна до 9.239, а регистриран и еден смртен случај.
Вклучително последниот случај, од појавата на пандемијата, според косовските здравствени власти, досега во земјата починале 499 заболени од Ковид-19.
Можеби ќе ве интересира: