Пронајдено телото на мажот по кој се трагаше во водите на Вардар

118497511_10208246316951230_7223273010263305680_n
118497511_10208246316951230_7223273010263305680_n

Екипа составена од полициски службеници и пожарникари која од утрово трагаше по маж во водите на Вардар, нашле безживотно тело на маж.

Zito akcija 640x289px

Непотврдени информации посочуваат дека станува збор за 45 годишен гостиварец по кој се трагаше од ноќва по полноќ и дека неговиот идентитет го потврдиле роднини кои биле вклучени потрагата.

Agria

Како што претходно известивме, ноќеска околу полноќ, жители на Гостивар пријавиле дека од мостот кај гостиварскиот пазар во Вардар скокнала прво жена, а потоа и маж. Настанот веднаш бил пријавен во полиција, а освен полицајците, на помош пристигнале и пожарникарите, но и граѓани, кои цела ноќ трагале по исчезнатите.

Безживотното тело на девојката било најдено кај селото Старо Чајле, околу четири часот по полноќ покрај брегот на реката Вардар. На местото пристигнала брза помош каде само ја потврдиле смртта кај жената.

Засега не се познати околностите кои довеле до трагичниот настан. Надлежните истражуваат дали помеѓу мажот и жената имало поврзаност и која била причината за трагедијата. Двете тела се дадени на обдукција.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: