Немири избувнаа синоќа во јужниот шведски град Малме, кога повеќе од 300 луѓе излегоа на протест по акцијата на екстремните десничарски активисти кои го запалија Куранот.
Бунтовниците синоќа запалија оган и со разни предмети пукаа кон полицијата и припадниците на спасувачките служби, кога неколкумина полицајци беа полесно повредени, а околу 15 лица беа приведени.
Насилството уследи по палењето на Куранот вчера попладне во близина на населбата со претежно мигранти, што беше сторено од крајно десничарски активисти, снимено и објавено на интернет.
Полицијата соопшти дека тројцата биле уапсени под сомнение за поттикнување омраза кон една етничка група.
Можеби ќе ве интересира: