Николовски: Народот се чувствува излажан и несоодветно претставен во оваа влада

nikolovski
nikolovski

Александар Николовски на денешната собраниската говорница кажа дека оваа есен ќе се гледаат по македонските градови и села и најави рушење преку масовни демонстрации. Тој ги повика граѓаните на улица.

„Оваа коалиција ќе биде срушена на масовни демонстрации во македонските градови и села. Демонстрациите ќе почнат уште оваа есен, затоа што капацитет за запирање на поларизацијата нема, а нема капацитет ни за реализација на ветувањата. Народот се чувствува излажан и несоодветно претставен во оваа влада. Се гледаме на демонстрации и заедно ќе ја собориме оваа власт која ќе биде со најкраток мандат во историјата на Македонија“, кажа Николовски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Agria

На ова негово излагање му реплицираше портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Најавувавте протести, најавувавте народ по улиците. Највувавте дека ќе ја паѓавте владата, но ништо од тоа“, му врати Костадинов.

 Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: