Реклама

Манчевски на местото на Рашковски – ќе биде нов генерален секретар на Владата

Доскорашниот Министер за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски  е нов генерален секретар на Владата, тој ќе го смени досегашниот Драги Рашковски, објави порталот „Локално“, повикувајќи се на нивни извори.

Zito akcija 640x289px

Манчевски по професија е електро инженер, тој изминатиов период раководеше со министерството за информатичко општество и администрација.Во новата Влада на негово место доаѓа Јетон Шаќири од ДУИ.

Agria

Предходниот генерален беше дел од скандалот со наводното местење тендер. Како секретар на владата, Драги Рашковски, бил свесен дека не смее да разговара со компанијата „Леонардо“ околу јавната набавка за М-НАВ – затоа што тендерот сеуште не бил комплетиран – но и покрај тоа инсистирал состанокот да се одржи и на истиот ги притискал претставниците на оваа државна компанија да го протнат тендерот. Ова го открива втората аудио-бомба за случајот „Леонардо“.

Антикорупциска отвори предмет за Драги Рашковски за да ја испита неговата инволвираност во тендерот на италијанската фирма Леонардо . Случајот се отвора по допрен глас откако веќе во јавноста излезе аудио снимка во која Рашковски наводно договара реализација на овој тендер.

Извор: lokalno.mk

Можеби ќе ве интересира: