Опозицијата во Црна Гора излезе на улиците да ја прослави победата на денешните избори, на која имаше рекордна излезеност од над 75%.
Според речиси 90% од преброените гласови, коалицијата Одлучно за Црна Гора на чело со Демократската партија на социјалистите освоила 35% од гласовите 29 мандати, а опозициската коалиција За иднината на Црна Гора 32,70% односно 28 мандати.
Лидерот на опозициската „За иднина на Црна Гора“, Здравко Кривокапиќ порача дека по 31 година на апсолутна власт на ДПС се случи слобода.
„И покрај сите заплашувања и тензичната реторика, излезноста беше околу 77%. Тоа значи дека режимот паднал“, рече Кривокапиќ.
Од партијата ДПС на Ѓукановиќ веднаш реагира, каде рекоа дека опозицијата секогаш брза да каже дека победила, ги повикаа граѓаните да почекаат да се објават официјалните резултати.
Можеби ќе ве интересира: