Реклама

Го договори ли Манчестер Јунајтед првото летно засилување?

Ван де Бек

Трофејниот англиски тим, Манчестер Јунајтед, конечно би можел да биде задоволен откако нивниот клуб во краток период успеа да договори одлично засилување. Наскоро нов играч на на тимот од Манчестер би требало да биде 23-годишниот Дони ван де Бек од Ајакс.

Zito akcija 640x289px

Медиумите од островото веќе на големо пишуваат дека Јунајтед го договори првото летно засилување, а наводно заслужен за овој трансфер е поранешниот голман на ѓаволите, а сегашен спортски директор на Ајакс, Ван дер Сар. Сумата на трансферот засега не е позната.

Agria

За фудбалерот на Ајакс голем интерес пројавуваше и новиот тренер на Роналд Куман, но се чини дека поради расколот во тимот на Барселона, Ван де Бек го одбрал тимот на црвените ѓаволи.

Според информациите од Англија, Јунајтед платата на Ван де Бек неделно ќе изнесува 45.000 фунти.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/11119/namesto-so-mladozheneczot-maticharite-po-greshka-venchale-veleshanka-so-svedokot/