Реклама

Благој Бочварски повеќе не е градоначалник на Штип, неговото место го презема Јане Миланов

118693628_3180815515307613_3102942596198135155_n

Новиот министер за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска  ја предаде функцијата градоначалник на Општина Штип на досегашниот претседател на Совет на Општина Штип, Јане Миланов. Миланов е назначен за заменик градоначалник, а постпката за избор на в.д. градоначалник е почната.

Zito akcija 640x289px

Бочварски, кој заминува на новата функција се заблагодари на граѓаните, вработените во јавната адмистрација, раководителите, директорите и новинарите за соработката и поддршката која постојано во изминатите три години ја добиваше.

Agria

„Ми беше чест да бидам прв човек на мојот роден град. Благодарам на сите мои соработници, на сите кои дадовте се од себе за градот и граѓаните. Поставивме нови стандарди на водење на институцијата, работевме напорно на изработка на големи проекти кои го придвижија градот напред“, вели Бочварски.

Заменик градоначалникот Јане Миланов истакна благодарност за доверената функција и како досегашен претседател на Совет на Општина Штип ја потврди успешната соработка со Благој Бочварски, а најави дека ќе ги реализира сите започнати проекти.

„Имавме динамична соработка со досегашниот градоначалник Бочварски, која носеше многу проекти. Со истото темпо и со поддршката од граѓаните ќе продолжам да придонесувам за доброто на Штип и штипјани“, рече Миланов.

Извор: libertas

Можеби ќе ве интересира: