За половина денар од полноќ се зголемуваат цените на бензините, а цената на дизелот останува непроменета, одлучи денеска Регулаторната комизија за енергетика.
Според тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,00 ден/лит, додека пак малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС98 изнесува 62,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), не се менуваат. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останува со цена од 52,00 ден/лит, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство ќе остане 51,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,251 ден/кг и изнесува 26,531 ден/кг.
Можеби ќе ве интересира: