Реклама

Голем бод за Борец во Тетово, кај Шкендија

Велешки Борец успеа да освои вреден бод на жешкиот терен во Тетово, кај Шкендија. По 90 минути игра, натпреварот од четвртото коло на ПМФЛ мѓу овие две екипи заврши нерешено 1:1, со што Борец уште еднаш покажа дека е незгоден противник за неколкукратниот шампион на Македонија.

Zito akcija 640x289px

Борец одлично го отвори натпреварот. Во 13. минута, по корнерот од левата страна, ударот на Ристовски заврши во раката на Јан Кривак, но судијата Стојчевски не покажа на белата точка и покрај протестите на велешани. Пет минути подоцна Прелчец излезе сам пред Реџепи, но биеше дијагонално за малку непрецизно. Веќе во следната минута Борец поведе. Прелчец одлично продре по левата страна, со „лажњак“ го исфрли својот чувар и со повратна топка го пронајде Станковски, кој од петерецот ја смести топката во мрежата на Шкендија за водство на Борец од 1:0.

Agria

Следеше бран на напади на Шкендија и две големи шанси во интервал од пет минути. Најнапред Имери се сплетка од ветувачка акција, а пет минути подоцна Дориев од идеална позиција ја погоди левата статива од голот на Борец. Домаќините изедначија во 34 минута, кога дебитантот на тетовчани Дита прифати убав центаршут од десната страна и со глава ја смести топката во мрежата на Мустафа.

Отворено започна и вториот дел и двете екипи имаа по една голема шанса. Во 54. минута Павиќ од далечина ја „здрма“ пречката од голот на Борец. Само две минути подоцна капитенот на гостите Прелчец излезе сам пред Реџепи, но голманот на Шкендија му одбрани чист зицер. По еден час игра шанса имаше и Дориев, но неговиот обид Коцев го изблокира во корнер.

По еден час игра двата тренери извршија по една замена и во игра влегоа Нафиу кај домаќините и Радовиќ кај гостите. Двете екипи се заморија, но ја задржаа желбата за втор гол. Домашниот голман Реџепи се истакна и во 69. минута кога со парада ја исфрли топката во корнер по пласираниот обид на Коцев.

Зејнулаи влезе место Дориев во 73. минута и со нови сили Ѓока тргна по триумф. Четири минути подоцна Мустафа стигна пред Ахмеди да исфрли во корнер. Истиод фудбалер во 78. минута биеше од далечина, но неговиот удар заврши преку голот. Пеев во 86. минута ја имаше последната закана за гостите, но домашната одбрана го изблокира неговиот мудар од далечина. Во последните мигови од натпреварот Стоименовски се повреди и на негово место неколку минути доби Ѓорѓиев. Незабележителниот Бесарт Ибраими со глава во 90. минута ја имаше последната закана, но биеше над пречката. Ниту осумминутното надополнување не донесе измена на резултатот и двете екипи спортски си подадоа рака, задоволувајќи се со по бод. 

По четири одиграни кола, Борец се наоѓа на осмото место на табелата, со 5 освоени бодови и скор од една победа, две нерешени средби и еден пораз. Поради репрезентативната пауза, следното во коло ПМФЛ се игра за две недели, кога Борец дома ја пречекува Академија Пандев и со евентуална победа, би требало да се искачи во горниот дел на табелата.

Погледнете ги најинтересните моменти од натпреварот:

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/11351/czenata-na-benzinot-se-zgolemuva-za-polovina-denar/