Шведската јавност деновиве е шокирана од еден од најгрозоморните случаи во модерната историја на земјата – две момчиња на возраст од 18 и 21 година, се осомничени дека киднапирале, ограбиле, силувале и мачеле двајца тинејџери, по што се обиделе да ги закопаат живи на локалните гробишта во предградие на Стокхолм.
Според шведските медиуми, жртвите биле случајно одбрани, а двајцата напаѓачи ги совладале и мачеле откако претходно безуспешно се обиделе да им продадат дрога на тинејџерите. Момчињата ѝ раскажале на полицијата дека насилниците на смена ги силувале и ги тепале цела ноќ, а суровото изживување на гробиштата во Солна траело цели десет часа.
Пред да се раздени, двајцата напаѓачи – монструми ги натерале момчињата, чија точна возраст не е соопштена, самите да легнат во свежо ископани гробови, по што ги затрупале со земја.
Еден од двајцата тинејџери сепак успеал да се извлече од несудениот гроб и го откопал својот другар, по што налетале на случаен минувач кој ги забележал како лутаат голи и крвави низ гробиштата. Била алармирана полицијата, која ги фатила напаѓачите при обид да избегаат.
Според информациите во шведските медиуми, двајцата насилници имале дебели полициски досиеја – помладиот бил апсен за кражби, а постариот за обид за убиство и разни други кривични дела.
Извор: dosie.mk
Можеби ќе ве интересира: