Реклама

Училиштата се подготвуваат за стартот на учебната година

Ucillnica prazna

Некогаш прв училишен ден, сега  празни училници. Во најголемото основно училиште во Штип денес на работа се само наставниците. Се даваат насоки за тоа како ќе тече наставата и што треба да прават наставниците, а што родителите и децата во корона услови. Иако протоколите дозволуваат во иста училница да има по 20 ученици во ова училиште и одделенијата ќе се делат на групи.

Zito akcija 640x289px

„Наставниците ќе формираат тимови од ученици кои ќе работат од 7 и 30 до 10 и 30, а втората група ќе работи од 10 и 30 до 13 и 30 часот. Станува збор и за втората смена, колегите ќе си направат тимови на деца кои ќе ја следат наставата со физичко присуство.“ изјави Методи Папаров Директор на ОУ Ванчо Прќе од Штип.

Agria

Од општина Штип велат дека сите училишта ги исполнуваат крутериумите на МОН. Училниците се над 20 квадратни метри, а добро поминала и симулацијата на наставен час за подобро функционирање на онлајн наставата. Интерните анкети на училиштата во Штип покажуваат поделеност на родителите. Дел се за физичко присуство, дел за онлајн настава.

„Ставовите се разликуваат од училиште до училиште. На пример во Гоце Делчев 97 % на родителите чии деца се до петто одделение сакаат физичко присуство, додека во Тошо Арсов најголемиот дел се за онлајн настава. Процентот опаѓа за погорните одделенија“, велат од општина Штип.

Сепак од ОУ Вано Прќе каде учат 1200 ученици се со став тешко може да се почитуваат протоколите ако сите ученици почнат со настава во училиштата. А бидејќи МОН доцни со подготовките за онлајн настава ова и неколку други училишта сами со подршка на штипскиот универзитет изработија платформи и почнуваат со обуки на наставниците.

Училиштата ќе бараат наставата со физичко присуство на учениците да се реализира во подрачните училишта и за децата со посебни образовни потреби.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/11409/video-momchina-siluvani-i-macheni-pa-zakopani-zhivi-shvedska-shokirana-od-grozomoren-zlostor/