Реклама

Македонија пат ќе ја урива дивоградбата кај Мавровка

Exif_JPEG_420
Exif_JPEG_420

На првата седница на Владата донесена е одлука да се урне дивоградбата пред трговскиот центар Мавровка. Објектот ќе го урива Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, пренесува irl.mk

Zito akcija 640x289px

„Владата донесе одлука да му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да донесе одлука за ангажирање на потребната механизација, средства за работа и вработени, за уривање и демонтирање на бесправно изграден градежен објект што се наоѓа пред ТЦ ‘Мавровка’, без надоместок кон Општина Чаир, односно од сопствени средства“, напиша Заев.

Agria

Владата им препорачува на Општина Чаир и на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да ги регулираат меѓусебните права и обврски да склучат договор за отстранување на дивоградбата. По исполнување на обврските од договорот, двете институции во рок од 7 дена, до Владата треба да достават соодветна Информација за извршување на обврските од одлуката.

Од општина Чаир за ИРЛ велат дека ќе постапат по насоките од Владата.

„Ќе постапиме по препораката. Во наредните денови ќе стапиме во контакт со Ј.П. за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта за да го дефинираме договорот“, изјави за ИРЛ портпаролот на општина Чаир Куштрим Ала.

МВР денеска поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје против градителот на дивоградбата 34 годишниот Мевлудин Алити. Тој не одговараше на телефонските повици на новинарите на ИРЛ.

Дивоградбата кај „Мавровка“ со месеци беше енигма кој ја гради. Ниту една институција наводно не можеше да го открие инвесторот на објектот кој почна да се гради на местото на изгореното кафуле „Фонтана“. Општина Чаир под притисок на медиумите распиша два тендери за уривање на дивоградбата, но не се пријави ниту една фирма.

ИРЛ минатата недела направи реконструкција на аферата „Мавровка“ и обелодени дека анонимниот инвеститор на дивоградбата по кој со месеци трагаа институциите е Мевлудин Алити – сопственик на кафулето „Фонтана“.

ИРЛ беше единствената редакција која го откри идентитетот на градителот и направи реконструкција на случувањата во аферата „Мавровка“ со сите вклучени институции и лица кои имаа ингеренции да го урнат објектот. Но, бидејќи надлежните институции не ги завршија своите обврски, случајот „Мавровка“ беше ставен на првата седница на владата која донесе одлука како и кој ќе го урива објектот.

Извор: irl

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/11409/video-momchina-siluvani-i-macheni-pa-zakopani-zhivi-shvedska-shokirana-od-grozomoren-zlostor/