Американската Управа за храна и лекови (ФДА) издаде одобрение за итна употреба на брз тест за Ковид-19 на компанијата „Лаборатории Абот”.
Тестот е наречен „BinaxNOW COVID-19 Ag” и дава резултати во рок од 15 минути, а компанијата планира да го продава за пет долари. Комплетот за тестирање е исклучително практичен, па со изгледот и големината наликува на кредитна картичка.
Според клиничкото истражување, спроведено од компанијата во соработка со неколку водечки американски истражувачки универзитети, тестот „BinaxNOW” покажа чувствителност од 97,1 отсто (можност за прецизно идентификување на оние кои имаат вирус) и специфичност од 98,5 отсто (можност за прецизно идентификување на оние кои немаат вирус) кај пациенти за кои постои сомневање дека биле заразени со коронавирусот во првите седум дена по појавата на симптомите.
„Масовната употреба на овој тест ќе им овозможи на десетици милиони луѓе пристап до брзо и сигурно тестирање“, изјави епидемиологот Џозеф Петросино од Медицинскиот факултет Бејлор.
Можеби ќе ве интересира: