Кавадарчанец на 32 годишна возраст се здобил со потешка повреда во фабриката во која работел. Инцидентот се случил вчера околу 16:30 минути, а во него кавадарчанецот го повредил коленото, по што бил веднаш префрлен во локалната болница.
„На 01.09.2020 околу 16.30 часот во Полициската станица Кавадарци било приавено дека, додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци, Д.М.(32) од Кавадарци се здобил со повреда на левото колено. Тој бил пренесен во болницата во Кавадарци за укажување на лекарска помош“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
На местото на настанот бил извршен увид, по што ќе се знае како дошло до несреќата.
Можеби ќе ве интересира: