На сопственик на велешки ресторан му се заканува затворска казна – организирал свадба среде пандемија

svadba

Кривична пријава и казна од 5.200 евра или една година затвор му се заканува на сопственикот на угостителскиот објект „Ве ве Тивес“ од Велес. Кај него во петокот, пазарните инспектори фатиле веселба со многу луѓе, јави порталот А1он.

Zito akcija 640x289px

За празникот Голема Богородица инспекторите на Државниот пазарен инспекторат начекале свадби и веселби по кафеани и во Берово, Крива Паланка и Струга. За сите локали, Инспекторатот најави кривични пријави за непочитување на протоколите. Директорот на ДПИ, Стојко Пауновски, за А1он вели дека во Струга имало инцидент при контролата за време на празникот Голема Богородица во петокот.

Agria

„Во угостителскиот објект ’Скај Дрини’ во Струга инспекторите имале големи проблеми да влезат. Локалот е на седми кат, се гледало дека има организирана веселба, но инспекторите едвај успеале да влезат. Не им дозволувале да се качат на седмиот кат, па морале записникот да го прават од приземје“, вели директорот Пауновски за „А1он“.

Ова е втора кривична пријава на „Скај дрини’ во Струга. Инспекторите вторпат затекнуваат организирана веселба.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: