Во тек е рушење на дивоградбата пред Мавровка. Тешка механизација пред објектот веќе е во работна офанзива и ги зададе првите удари на темелите на овој објект.
Дивоградбата кај „Мавровка“ со месеци беше енигма кој ја гради. Ниту една институција наводно не можеше да го открие инвесторот на објектот кој почна да се гради на местото на изгореното кафуле „Фонтана“. Општина Чаир под притисок на медиумите распиша два тендери за уривање на дивоградбата, но не се пријави ниту една фирма.
Уривањето го врши ЈП за Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта.
Можеби ќе ве интересира: