Реклама

Градоначалникот на Крива Паланка позитивен на коронавирус

Kriva palanka Gradonacalnik

Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, објави дека е позитивен на корона вирус. Како што порача тој, општината ќе работи само за итни и неодложни потреби и тој се повлекува во домашна изолација.

Zito akcija 640x289px

,,Почитувани пријатели, роднини и сограѓани, ве информирам дека по појавата на втор позитивен случај на ковид 19 во редовите на општинската администрација, вчера на сопствена иницијатива направив тест, кој е позитивен.За таа цел во следниот период се повлекувам во домашна изолација. Во исто време сите вработени од денес 02.09 до 09.09.2020 ќе бидат ослободени од работните обврски, а општината нема да работи освен за итни и неодложни потреби.Екипи на Јавно Здравје веќе прават целосна дезинфекција на работните простории и возниот парк.Никој не е имун! Носете заштита и почитувајте ги препораките на Комисијата за здравство“-порача Мицевски.

Agria

Од почетокот на епидемијата во земјава, заклучно со вчерашните податоци, во Крива Паланка се регистрирани 48 случаи на ковид-19, од кои моментно се активни 13.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/11489/na-sopstvenik-na-veleshki-restoran-mu-se-zakanuva-zatvorska-kazna-organiziral-svadba-srede-pandemija/