Реклама

Коронавирус повторно меѓу велешани

Covid Macedonia 2

Двајца велешани се меѓу 145-те новозаразени со коронавирус во земјава, регистрирани во последните 24 часа. Во исто време, исто толку велешани се меѓу 216-те оздравени од ковид-19.

Zito akcija 640x289px

Денешните случаи на новоинфицирани се откриени, откако се направени 1772 тестирања. Најмногу заразени има во Скопје – 32, а двоцифрен број нови случаи има и во Куманово 15 и Гостивар 12. Во Тетово се регистрирани девет случаи, во Штип, Прилеп и Делчево по осум, во Кичево има шест новозаразени, по пет има во Струмица, Пехчево и Дебар, по четири се регистрирани во Струга, Битола, Охрид и Свети Николе, во Кочани има нови тројца заразени, во Велес, Кавадарци, Крива Паланка, Пробиштип и Виница по двајца, и во Гевгелија, Берово и Неготино се регистрирани по еден случај.

Agria

Во последните 24 часа како последица од ковид-19, во болнички услови починаа двајца пациенти, еден од Дебар на 67-годишна возраст и еден од 48-годишен пациент од Струга.

Досега во земјата се направени вкупно 151.706 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14600, бројката на оздравени пациенти е 11741, на починати е 606, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2253.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/11513/zoran-gurovski-stana-chlen-na-sovetot-na-opshtina-veles-na-mestoto-na-nenad-koczik/