Реклама

Секција на сниматели при ЗНМ: ССК не ги почитува протоколите за организирање на настани

Сниматели

Секцијата на сниматели при Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) го осуди начинот на кој беше организиран денешниот настан за медиуми од страна на Сојузот на стопански комори во еден ресторан во Скопје.

Zito akcija 640x289px

Повеќе сниматели, но и фоторепортери и новинари немаа услови професионално да ја вршат својата работа поради несоодветниот простор што бил отстапен од страна на организаторот.

Agria

Истовремено, Сојузот според присутните сниматели не ги почитувал протоколите за физичка дистанца и повеќе сниматели биле сместени на мал простор со што нивното здравје и безбедност биле ставени во ризик.

Членовите на Секцијата на сниматели при ЗНМ бараат од организаторите на настаните за медиумите во иднина да се обезбедат соодветни услови за нивна работа и строго да ги почитуваат здравствените протоколи предвидени за јавни настани.

Доколку не се почитуваат протоколите, снимателите нема да ги проследат овие настани, а ЗНМ ќе поднесе соодветни правни постапки против организаторите

Извор: libertas

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/11517/koronavirus-povtorno-megu-veleshani/