Реклама

Лекарка од велешката брза помош позитивна на коронавирус

Лекарка од велешката брза помош е заразена со коронавирус. Позитивниот тест ѝ стигнал денеска. Откако лекарката пред неколку дена добила симптоми, повеќе не доаѓала на работа. Таа е во добра состојба и се наоѓа во домашна изолација. Веста ја потврдија и од ЈЗУ Здравствен дом во Велес.

Zito akcija 640x289px

„Точно е дека имаме здравствен работник позитивен на ковид-19. Откако добил симптом, тој не е на работа и се наоѓа во домашна изолација со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Се наоѓа во добра општа состојба“, рече д-р Васе Панова Поп-Стефанова, портпарол на ЈЗУ Здравствен дом Велес.

Agria

Засега никој од вработените во „Здравствен дом“ не е испратен на тестирање, но на сите им било укажано дека ако добијат симптоми, тоа веднаш да го сторат.

Ова е втор случај на заразен од оваа медицинска установа, откако пред четири месеци лекарка го прележа вирусот без никакви симптоми. Денес откриената лекарка позитивна на вирусот е осми случај на заразен медицински работник во Велес.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/11517/koronavirus-povtorno-megu-veleshani/