Реклама

Заев на средба со оштетени граѓани од Еуростандард банка

Заев со граѓани Еуростандард

Премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот Фатмир Битиќи денеска се сретна со претставници на оштетените граѓани од стечајот на Еуростандард банка На состанокот размениле предлози за надминување на состојбата во која се затекнати граѓаните.

Zito akcija 640x289px

„На состанокот се споделени некои од проблемите со коишто се соочуваат оштетените граѓани, физички и правни лица, по пропаѓањето на „Еуростандард банка“ и се слушнати предлозите од Иницијативниот одбор, за можни решенија. Заев најави дека предлозите ќе бидат разгледани од страна на институциите и дека претставниците на Иницијативниот одбор ќе добијат повратна информација. На состанокот е поздравена отвореноста на премиерот Заев и на Владата за средба, со цел разгледување на проблемот и можните решенија“, се вели во соопштението.

Agria

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека во никој случај Заев не може да биде решение за проблемот на оштетените граѓани.

„Еуростандард Банка е 200 милиони евра тежок скандал, а Заев човекот кој не спречи пропаѓање на банка  кој сега не може да биде дел од решението. Јавноста очекува одговори која е таа струмичка компанија блиска до власта која добивала кредити без покритие од банката? Како се користени тие пари? Каде завршувале и зошто нема одговорност за министерката на Заев Нина Ангеловска која пред време си ги извлекла парите?“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/11527/lekarka-od-veleshkata-brza-pomosh-pozitivna-na-koronavirus/