50-годишен велешанец е тешко повреден откако со својот мотор удрил во куче и паднал. Несреќата се случила вчера околу 11:45 минути во велешката населба Речани.
„На 02.09.2020 околу 11.45 часот на ул.„Академик Пенчо Давчев“ во Велес, мотоцикл „лифан“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Ј.К.(50), удрил во куче, по што паднал на коловозот. Притоа, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Велес“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР велес.
Можеби ќе ве интересира: