Една тешко објаснива промена од цивилизациски размери се случила во 1939-та година, кога по наредба на министерот за пропаганда на Хитлерова Германија, Јозеф Гебелс, сета музика е прештимувана за 8 херци повисоко од тоа што била традиционално изведувана со векови пред тоа.
Оваа приказна ќе биде малку потешка за разбирање на читателите кои никогаш не се занимавале со музика, но ќе се обидеме да ја доближиме до сечиe размислување. Нотата Ла (или во абецедна нотација – А) се смета за основна нота според која се штимаат сите музички инструменти.
Постои едноставна алатка која се нарекува акустична вилушка, која точно ја произведува нотата А кога ќе се удри по еден од нејзините краци. Денес постојат прецизни дигитални штимери, но пред неколку децении наназад, акустичната вилушка била стандарден алат на секој музичар, секој оркестар и хор. Откако со помош на оваа метална направа ќе се наштима тонот А, според него се штимаат и останатите тонови.
До 1939-та година сите акустични вилушки се произведувале така што ќе ја емитуваат нотата А, точно на фреквенција од 432 херци.
Од 1939-та година, по наредба на озлогласениот Гебелс, од употреба е исфрлена акустичната вилушка со нотата А на 432 херци и воведени се нови акустични вилиушки кои ја емитуваат нотата А на 440 херци. Што значи нотата А е повишена за 8 херци, а со неа и сите останати ноти, односно целокупната музика е повишена за ист број вибрации т.е. херци.
Постојат разни обиди за објаснување на оваа промена, која пак, потполно неочекувано, надвор од нацистичка Германија, ја прифатиле како стандард најпрво радиостаниците во САД, а после нив и остатокот од светот.
Само како пример, слушнете ја свитата за виолончело број 1 во G-dur од Јохан Себастијан Бах, прво отсвирена на инструмент наштиман според нотата А подесена на 432 Hz, а потоа слушнете како звучи истата композиција кога нотата А е подесена на 440 Hz. Разликата е мала, но се приметува.
Баховата свита за чело на 440 Hz
Иако втората верзија е отсвирена од далеку подобар музичар, разликата во “напнатоста“ која ја произведуваат двете верзии на истата композиција може да се почувствува.
Постојат повеќе обиди за објаснување зошто Гебелс ја прештимал музиката на Западниот свет на поголема фреквенција и сите се движат во доменот на теорија на заговор.
Она што е заедничко кај сите тие теории е идејата дека со оваа промена е предизвикан пораст на агресивноста и нетрпеливоста помеѓу луѓето. Без малку сите луѓе сакаат да слушаат музика и без разлика за каков вид и жанр на музика станува збор, класична, поп, фолк или рокенрол, доколку е подесена на фреквенција од 440 Hz, предизвикува вишок на агресивност кај слушателите.
Една од најкохерентните теории кои можат да се најдат на таа тема е онаа која ја изнел Дејвид Ајк. Во разговорите со Др.Леонард Хоровиц (американски лекар кој се занимава со проучување на влијанието на разни фреквенции кај луѓето) и со сопствениците на Youtube, каналот London Real (канал со видеа од документарни емисии кои се засновани на теории на завера) ја изнел тезата дека префрлањето на музиката од 432 Hz на 440 Hz е дел од стратегијата на “фраквенциско програмирање на човечкиот ум“, односно дека фреквенцијата од 440 Hz влијае на центрите на човечкиот мозок кои исклучуваат 95% од мозокот од употреба и активираат емоции како што се гнев и нетрпеливост.
Други истражувања кои се занимаваат со фреквенции во звукот и визуелниот спектар укажуваат на тоа дека 432 Hz е “природна“ фреквенција, а фреквенцијата од 8 Hz е фреквенција со која вибрира планетата Земја, како и алфа брановите на човечкиот ум во состојба на одмор, додека човечкото суштество природно вибрира на 16 Hz. Фреквенцијата од 432 Hz има корени уште од античко време, математички пресметан сразмер кој го утврдиле математичари како Питагора и Еуклид, кој пак ја сочинува основата на светлината, времето, просторот, гравитацијата, биологијата, ДНК молекулите и човековата свест. Кога слушаме музика на 440 Hz нејзиниот “основен тон“ има фреквенција од 8,25 Hz и затоа оваа фреквенција создава резонанца во однос на вибрирањето на планетата Земја, мирниот човечки ум и човечкото суштество, па така предизвикува немир, тврди оваа теорија.
Гебелс бил познат окултист и се занимавал со квази-наука и со граничните подрачја на науката (fringe science), така што и не е необично тоа што ја спровел на дело оваа луда идеја со скриена позадина за прештимување на музиката на повисока фреквенција. Но, вистинското прашање кое сеуште нема добиено одговор е: како и зошто остатокот од светот со таква леснотија ја прифатил оваа промена, особено кога се знаело кој бил нејзин иницијатор?
Преземено од gostivarpress.mk
Можеби ќе ве интересира: