Двегодишно дете е пронајдено удавено во канал за наводнување во селото Долно Чичево, кај Градско. Детето, од населба Шуто Оризари, во каналот го забележал синоќа околу 20 часот неговиот татко, кога е и пријавил во полиција.
„На 03.09.2020 околу 20.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на место викано „Рамниште“, атар на с.Долно Чичево, општина Градско, во отворен канал за наводнување било пронајдено удавено двегодишно дете од нас.Шуто Оризари, Скопје. Лекар од нас.Градско костатирал смрт без траги на насилство“, соопошти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Двегодишното дете било заедно со својот татко, кој во атарот на селото Долно Чичево бил ангажиран за берба на грозје. Според информации на Батали.нет, таткото околу 19 часот отишол во Градско да купи нешто, а детето го оставил со другите работници. Во еден момент, играјќи си, тоа се оддалечило од групата и паднало во каналот за наводнување. Никој не го забележал, па не можел ниту да му помогне.
По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција во Институт за судска медицина – Скопје. Бил извршен увид на местото на настанот.
Можеби ќе ве интересира: