Реклама

Делчево ново жариште на коронавирусот

Delcevo leto 2020

Од поединечни случаи до двоцифрени бројки. Пијанечко-малешевскиот крај е новото жариште на корона вирусот во државата. Во Пехчево, Берово, Делчево и Македонска Каменица бројката на новозаразени расте постојано. Најголем раст има во Делчево и Македонска Каменица каде во моментот има околу 70 активни случаи. Од здравствениот дом во Делчево велат дека болните се од сите возрасни групи, а причина за ширењето е непочитување на здравствените мерки.

Zito akcija 640x289px

„Првиот случај ни беше возрасна жена, која што беше над 65 години, меѓуто подоцна се покажаа многу случаи на млади луѓе. Наша претпоставка е дека младите доста се опуштија со кафулињата, ја однесоа дома болеста, така да сега имаме заболени од сите возрасти“, изјави Марија Глигорова директор на Здравствен дом Делчево.

Agria

Граѓаните за порастот на новозаразаените со Ковид 19 ги обвинуваат иселениците кои се вратиле од почетокот на август, но признаваат дека не ги почитуваат во целост здравствените мерки и не секогаш носат маски.

Во здравствениот дом во Делчево со подршка од Министерството за здравство веќе се набавени нови кревети за дневната болница. Во нив има и посебни соби за изолација за сомнителните и веќе потврдените случаи на Ковид 19.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/11663/izgore-avtobus-na-avtopatot-shtip-miladinovczi/