Реклама

Артан Груби откри за што сведочел во Хаг неговиот лидер Ахмети

ali-ahmeti

Испрашувањето на лидерот на ДУИ Али Ахмети во Хашкото специјално обвинителство за Косово е поврзано со неговите активности во Косово, а не во Македонија во својство на сведок како еден од основачите на ОВК за перидот 1998 – 2000 година, рече синоќа Артан Груби на Сител.

Zito akcija 640x289px

„Поканата дојде преку нашето обвинителство, таму многу јасно е напишано дека е поканет како сведок од 1998 до 2001. Само за тој период и за тие активности. Само за околностите на Косово, не во Македонија. Специјалното обвинителство на Косово има и таков мандат – само за тој период“, рече Груби.

Agria

„Во својство на сведок за неговата улога како основач на ОВК и како еден од коосновачите на народното движење на Косово за периодот од 1998 до 2000 година. Само во овој период и за тие активности. Во целото испрашување нема прашувано за какви било други активности во Македонија или во било која друга земја. Се однесува во својство на сведок само за околностите во Косово 98/00 и толкав е и мандатот на специјалното обвинителство на Косово“, изјави Груби.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на 2 и 3 септември беше на распит пред истражителите на Меѓународниот суд за Косово со седиште во Хаг. По два дена сведочење во канцелариите на ЕУЛЕКС во Приштина, тој изјави дека не може да даде информација до завршување на процесите пред меѓународниот трибунал.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/11693/venko-filipche-ke-se-vodede-test-koj-za-40-minuti-ke-pokazhe-dali-odreden-paczient-ima-koronavirus-ili-nekoj-drug-virus/