Реклама

Слеп човек три дена останал буквално без леб откако му починала жената

Slepi lica

Му починала сопругата, па слеп човек од радовишко село три дена останал буквално  без леб. За време на карантините поради корона вирусот го заборавиле и институциите и луѓето. Тој се уште се снаоѓа сам, иако од Здружението на слепи лица од Штип велат дека добиле ветување дека за него ќе се најде помош.

Zito akcija 640x289px

Примерот со старецот од радовишко е еден од најекстремните случаи за тоа, со што поради пандемијата се соочуваат дел од слепите лица од државата. Покрај несоодветната инфраструктура и дискриминацијата сега живеат во дополнителна изолација и страв, иако некои ја имаат целосна подршка од семејствата.

Agria

И психолозите не се оптимисти дека без стручна помош не само слепите туку и луѓето со нормален вид ќе можат да се справат со последиците што ги оставаат мерките поврзани со пандемијата. Некои анализи покажуваат дека како последица на корона кризата 20 % од вкупното светско население страда или ќе страда од депресија.

Од штипското Здружение на слепи лица ќе побараат професионални асистенти за нивните членови по примерот на неколку други градови во државата. Ова здружение во наредните месеци со пари од државниот буџет ќе реализира работилници на кои слепите лица ќе се обучуваат како да се справат со психолошките, економските и правните предизвици на новото време.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/11714/poveke-ozdraveni-otkolku-zarazeni-veleshani-vo-poslednite-24-chasa/