Реклама

Бесими: Ќе има редовна исплата на плати, пензии, социјална помош

Фатмир Бесимив - Министер за финансии

Финансирањето на дефицитот и кредитите кои доспеваат до крајот на годината ќе биде обезбедено, а ќе има и бафер за евентуални нови шокови од пандемијата. Приходите се движат во рамки на предвидувањата, а ќе има доволно средства за финансирање на следните пакети економски мерки, за редовна исплата на плати, пензии, социјална помош, за обврските кон стопанството, кон кредиторите. Ова го порачува новиот министер за финансии Фатмир Бесими во интервју за МИА.

Zito akcija 640x289px

„Сакам да упатам јасно порака за смирување дека финансирањето на дефицитот и на кредитите кои доспеваат до крајот на годината ќе биде обезбедено, дури ќе обезбедиме и бафер за евентуални нови шокови од пандемијата. Ќе обезбедиме доволно средства за финансирање на следните пакети на економски мерки за ублажување на ефектите од кризата, како и економска обнова во пост-кризниот период кон „новото нормално“. Приоритетно ќе биде да се согледа каде се можностите во рамките на буџетот со оглед тоа кои програми или проекти се знае со голема веројатност дека нема да можат целосно да се реализираат до крајот на годината, потоа привлекување финансии во нашата економија од надворешни извори на финансирање, како и разгледување на можности за мобилизирање на слободните финансиски средства од домашниот финансиски пазар а со тоа во координација со НБРМ со цел задржување на финансиската и монетарната стабилност во економијата“, вели Бесими.

Agria

Бесими вели дека веднаш кога ја стапил на функцијата министер за финансии е во координација со тимот на Министерството за финансии и дека на дневна основа се следи состојбата со приходната и расходната страна на буџетот и оти доколку се појави потреба, навремено ќе се реагира, а бизнис секторот и граѓаните ќе имаат навремени и јасни пораки кои ќе бидат економските политики и мерки.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/11734/karadhovski-ne-bidete-sebichni-da-luduvate-po-zhurki-i-do-godina-ke-bidete-mladi/