Реклама

Денеска пресуда за Чадиев и Колев

sudenje-Cadiev-i-Kolev-1

Основниот суд во Велес денеска треба да ја соопшти пресудата за поранешниот градоначалник Славчо Чадиев и екс претседателот на Советот на општината Александар Колев.

Zito akcija 640x289px

Двајцата се обвинети за злоупотреба на службената положба. Според обвинението, Чадиев како градоначалник, на претседателот Колев му дозволил да управува со општинско возило и да точи гориво со буџетски пари, спротивно на правилникот на општината и со тоа општинската каса ја оштетиле за 170 илјади денари.

Agria

Славчо Чадиев беше градоначалник на Веелес во периодот од 2013 до 2017 година, а во исто време Колев ја извршуваше функцијата претседател на Советот на општината.