![Migranti kamion](https://i0.wp.com/batali.net/wp-content/uploads/migranti-kamion-1.jpg?resize=618%2C311&ssl=1)
На магистралниот пат Штип-Радовиш, во близина на клучката за Неготино, вчера полициски службеници дале знак за запирање на товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое не застанало и продолжило уште околу еден километар.
Потоа возачот го запрел возилото и го напуштил местото на настанот. При преглед во возилото биле пронајдени 36 лица-мигранти (11 од Пакистан, девет од Авганистан, седум од Сирија, пет од Бангладеш, двајца од Иран и по еден од Ирак и Турција).
Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот.
Можеби ќе ве интересира: