90-годишен старец од Скопје викендов едвај преживеал откако во саботата се загубил одејќи да бара печурки низ месноста Азот. Тој тргнал околу 10 часот кон селото Црешнево, но го немало цел ден, па околу 20:30 часот, неговите роднини пријавиле во полициската станица во Чашка дека го нема.
Полициски службеници го пронашле старецот во близина на село Богомила во добра здравствена состојба. Село Црешнево и село Богомила по воздушна линија се оддалечени 16 километри, преку тешко прооден планински пат, а доколку се патува со автомобил, оддалеченоста меѓу двете села е 70 километри.
Затоа, вистинско чудо е што старецот, кој очигледно бил во добра физичка кондиција, успеал да го изоди овој терен.
Можеби ќе ве интересира: