Хронично болните лица да се вратат на работа, предлага Комисијата за заразни болести

lugje na ulica

Комисијата за заразни болести утрово донесе предлог – одлука хронично болните лица да се вратат на работа, освен оние лица кои имаат извештај од специјалист за забрзана прогресија на болеста, информираат од Министерство за здравство.

„За работничките кои се на продолжено породилно отсуство, отсуството ќе трае до 31 декември. Исто така, продолжува и ослободувањето на бремените жени од работа. За родителите со деца до 10 години, ќе се одлучува на следниот состанок на Комисијата. Предлог-одлуката ќе биде доставена до Владата на Република Северна Македонија,“ информираат од Министерство за здравство.

Agria

Според секојдневните извештаи на Министерството за здравство, бројот на активни случаи со ковид-19 во нашата земја постепено опаѓа во изминативе недели.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: