Градоначалникот на Велес Аце Коцевски упати честитка до граѓаните на Велес по повод 8 Септември – Денот на независноста.
„Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име Ви го честитам 8 Септември, Денот на независноста. Овој историски ден е симбол на одлучноста и непоколебливоста на македонскиот народ да го оствари својот вековен стремеж, да изгради своја независна и суверена држава. Посакувам овој ден секогаш да нè охрабрува и бодри да се стремиме кон повисоки цели за попросперитетен Велес, а како држава, сплотени заедно, посветено да чекориме по патот на успехот, да продолжиме да ја јакнеме демократијата и да создаваме услови за стабилен економски развој и квалитетен животен стандард за доброто на сите“, рече во честитката Аце Коцевски, градоначалник на Велес.
Можеби ќе ве интерсира: