Двајца велешани измамени, дале 6500 евра со приказна за лажна сообраќајка

veles sarmaale
Veles_saat

Продолжува измамничката шема со телефонските повици. Двајца велешани во два одделни случаи се измамени со веќе разбработената шема со телефонски повици, преку кои им се соопштува дека нивни блиски роднини предизвикале сообраќајна несреќа и дека треба да платат пари со цел да се извлечат.

Zito akcija 640x289px

Во првиот случај, жена пријавила дека пред неколку дена, непознато лице телефонски и се јавило и и’ кажало дека нејзиниот син и снаа направиле сообраќајна незгода во која со возилото удриле во дете мигрант. Измамникот од жената побарал пари за наводно да му помогне на синот. Таа му дала 300.000 денари, но потоа сфатила дека била измамена.

Agria

Во вториот случај, велешанецот Т.Т.(74) вчера пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 90 илјади денари или 1 500 евра. Според пријавеното, во 16 часот на фиксен телефон му се јавило лицето и му кажало дека неговата ќерка и неговиот зет направиле сообраќајна незгода и удриле дете и побарало од него пари за да им помогне. Според пријавата, тој му ги дал парите, но подоцна сфатил дека е измамен.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: