Под строги протоколи за заштита од коронавирусот по речиси шест месеци, градинките од денес ги отворија вратите за децата.
Во функција се по неколку влезови за да нема мешање на децата.
Задолжително при прием во установата, мора да има мерење на температура, дезинфекција на раце и лекарска потврда дека детето нема здравствени проблеми.
Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување деца го донесе Комисијата за заразни болести, а со него се овозможува реализација на процесот под посебни мерки за превенција од ширење на коронавирусот.
Можеби ќе ве интересира: