Реклама

Текстилни работнички со симптоми не се тестираат на Ковид 19

tekstilna fabrika

Матични лекари од Кочани одбивале да испратат на тестирање текстилни работнички со симптоми на Ковид 19. Работничките работеле во конфекција каде веќе има потврдени случаи на вирусот. Вакви обвинувања за лоша соработка на здравствените институции во Кочани се појавија на социјалните мрежи. И Кристина Ампева од Гласен текстилец упати јавно прашање и побара реакција од Државниот здравствен и санитарен инспекторат да провери дали овие тврдења се вистинити.

Zito akcija 640x289px

Прашање до Државен здравствен и санитарен инспекторат и Министерство за здравство. Дали жени работнички од Кочани имаат симптоми на Ковид, а примарното здравство ги враќа назад со одговор не е Ковид и не ги праќа на тестирање за да не се дига паника? напиша Ампева на фејсбук.

Agria

Од Државниот здравствен и санитарен инспекторат велат дека до нив не е стигната пријава за случаи во Кочани. Ги повикуваат работничките кои и покрај симптомите биле одбиени за тестирање групно или поединечно да поднесат пријава со нивните податоци за да се провери каде е проблемот.

„За да ги провериме наводите мора да имаме конкретни податоци. Штом ќе ги добиеме ќе го истражиме случајот и ќе утврдиме дали има пропуст кај матичните лекари, дали и зошто не е закажано тестирање преку алгоритамот на Министрството за здравство“ вели во телефонска изјава Ирина Бухова, директор на Државен здравствен и санитарен инспекторат.

Од инспекторат појаснуваат дека ако имаат симптоми работничките  може да се јават и на инфективните одделенија во Штип и Кочани, каде задолжително ќе им бидат направени тестови. Од здружението на матични лекари велат дека се почитува алгоритамот, но потребно е лекарите да почнат со прегледи на пациентите. Велат дека со сите пациенти кои имаат некој од симптомите се комуницира на дневна основа и врз основа на искуството и симтомите проценуваат дали некој ќе се тестира или не.

„Ако има потреба ние закажуваме, ако нема потреба не. Гледаме паниката да ја смириме кај народот бидејќи поради паника се испуштија други дијагнози“ вели Лили Чолакова Дервишева претседател на Здружение на приватни лекари.

Од Центарот за јавно здравје во Кочани велат дека не се случило некој што е дел од епидемиолошките анкети и бил во контакт со заболен, да не се тестира ако покаже симптоми на Ковид 19. Сепак кога и дали ќе биде тестиран одлучуваат епидемиолозите.