Од понеделник хронично болните лица се враќаат на своите работни места

Venko-Filipce
Venko-Filipce

Сите хронични болни лица кои се ослободени од работа врз основа на утврдената листа на хронични болести да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на своите работни места

Zito akcija 640x289px

Исклучок од ова ќе бидат само болни лица кај кои болеста е во фаза на влошување и за оние со малигна болест, за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист, врз основа на која потврда овие лица ќе користат боледување.

Agria

За бремените жени, одлучено е да продолжат да ги користат владините мерки. 

„Суштината е во типот на дијагноза. Во рамките на една дијагноза за хронична болест има различен статиум во која пациентот може да се наоѓа. Некој кој за една дијагноза може да има сосема нормален живот или друг за истата дијагноза заради значајна слабост заради некој орган не може да функционира сам и тој во ова сценарио не треба да оди на работа“, министерот за здравство Венко Филипче.

Тој не стравува дека деновиве ќе се создаде хаос во здравствениот систем поради закажувањето на термини за преглед кај специјалист за да хронично болните добијат потврда дека навистина не треба да одат на работа. Министерот за здравство смета дека драстично ќе се скрати бројот на луѓе кои седеле дома. Досега  сите кои ја користеа мерката земаа цела плата, а од понеделник ќе се водат на боледување и ќе добиваат помалку пари.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: