Шеесет и седумгодишен жител на Гостивар е осомничен за убиство на неговата сопруга. Според информациите на полицијата и Обвинителството, тој со секира ѝ нанел повеќе убодни рани на жената од кои починала. Осомничениот е во бегство.
„Денеска (10 септември) во 6 часот и 50 минути, В.И.(33) од Гостивар во СВР Тетово пријавил дека во спалната соба од семејната куќа ја пронашол усмртена неговата мајка Џ.И.(60). Осомничен дека го извршил убиството е Б.И.(67) сопруг на Џ.И. и татко на пријавителот, кој со остaр предмети ja усмртил“, велат од полицијата.
Осомничениот по извршеното кривично дело се дал во бегство и во моментов е недостапен на органите на прогонот.
Можеби ќе ве интересира: