Реклама

Продолжува судењето за настаните од 27 април

Sobranie 27 april

Седум поранешни пратеници од претходниот состав на ВМРО-ДПМНЕ утрово пристигнаа во Основниот кривичен суд во Скопје, да сведочат за настаните од 27 април 2017 година во Собранието.

Zito akcija 640x289px

Зоран Илиоски,Илија Димовски, Зоран Илиоски Благој Деспотовски, Лилјана Кузмановска, Слаѓана Митовска, Весна Пемова и Весна Дамчевка влегоа во судската зграда во својство на сведоци предложени од одбраната на експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, кој е обвинет како еден од организаторите за 27 април.

Agria
Илија Димовски на суд за 27 април

И на претходното рочиште за организацијата крвавиот четврток сведочеа пратеници што беа дел од минатиот состав, повторно по предлог на Трајко Вељановски.

Покрај Вељаноски, обвинети во случајот за организација на случувањата од 27 април се и ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски. Тие седат на обвинителна клупа за делото терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Во истрагата за овој предмет беа опфатени и бившиот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот од УБК, Никола Бошковски. Двајцата успеаја да избегаат од државата, Груевски во Унгарија, а Бошковски во Грција, па кога обвинителката Вилма Русковска го поднесе обвинителниот акт, тие не беа на листата обвинети и беше соопштено дека постапката за нив ќе продолжи кога тие ќе бидат достапни на органите.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/12010/ng-gemidhii-ovaa-nedela-fudbalerite-na-borecz-ke-ja-imaat-vistinskata-poddrshka-od-nas/