(ОБНОВЕНО) Семејство од Битола повредено во сообраќајката после велешка патарина кај Отовица

avtopat veles-skopje
avtopat veles-skopje

Сопружници и нивната 15-годишна ќерка од Битола се потешко повредени во сообраќајката која претпладнево се случи на автопатот Велес – Скопје, после напратната рампа кај Отовица.

Zito akcija 640x289px

Две екипи, со две санитетски возила од итната медицинска помош од Велес интервенирале на местото на несреќата.

Agria

„Патниците имаат политрауми, свесни се, сгрижени на лице место, а потоа транспортирани на хирушкото одделение во Општа болница Велес“, рече д-р Василка Пановска Поп Стефанова, портпарол на Здравствен дом Велес.

Од Велешката болница велат дека повредените се веднаш испратени на рентгенско снимање.

„Снимките покажаа дека мажот има потешки повредни и е испратен на скопските клиники. Неговата ќерка има полесни повредни, а нејзината мајка во моментов е на рентген“, рече Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа болница Велес.

До несреќата дошло кога возилото на семејството од Битола се судрило со камион, јави полицијата.

„На 11.09.2020 во 11,00 часот било пријавено дека на автопатот Велес – Скопје, после наплатната станица „Отовица“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “фиат стило“ со битолски регистарски ознаки управувано од В.В.(56) од Битола и товарно моторно возило-влекач “ман“ со полуприколка со кавадаречки регистарски ознаки управувано од Г.Н.(43) од Неготино. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.В. и сопатничка од истото возило С.В.(54), а со телесни повреди се здобила уште една сопатничка на возраст од 15 години, констатирани во Општата болница Велес“, соопшти СВР Велес.

Полицијата изврши увид, а автропатот Велес – Скопје е прооден за сообраќај.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: