Реклама

Џафери: Доколку се укинат патните трошоци, ќе предложам укинување на службените возила на Владата, па нека се возат со тротинет

Talat Dzaferi

Доколку Владата побара  укинување на патните трошоци за пратениците, претседателот на собранието Талат Џафери вели дека ќе возврати со барање за одземање на службените возила за сите владини функционери за кои ќе подготви и паркинг за тротинети пред собранието.

Zito akcija 640x289px

„Оправдано е пратениците кои не живеат во Скопје да користат превоз на државен трошок, а институциите да ги казнуваат тие што вршат злоупотреби“, изјави Џафери.

Agria

На првиот брифинг со новинарите во овој мандат, Џафери рече дека, наместо Собранието да ужива статус на државна институција, некој се обидува да направи карикатура од него, а пратениците да ги прикаже како извор на зло.

Инаку, до Собранието барање за апанажа поднеле 44 пратеници од минатиот состав, а се уште трае рокот за поднесување барање за надомест по престанок на функција од поранешните министри.

Можеби ќе ве интересира: