Пронајден е виновникот за тешките симптоми на коронавирус: Лекови веќе постојат!

coronavirus

Се чини дека науката го нашла виновникот за најтешките симптоми на ковид-19, а станува збор за човечкиот петид брадикинин, кој можеби е одговорен за многуте, понекогаш, смртоносни симптоми, кои се забележани кај пациентите заразени со новиот коронавирус.

Zito akcija 640x289px

Лекови за контрола на брадикинин веќе постојат, а моментално се спроведуваат тестирања на пациенти заболени од ковид-19 со цел да се најде потенцијална терапија против таа болест.

Agria

Брадикининот инаку помага за регулација на крвниот притисок, а кај некои луѓе, новиот коронавирус се чини дека го става производството на брадикинин во „петта брзина“.

Тоа може да доведе до еден вид на „бура на брадикинин“ во човечкото тело, која, пак, резултира со низа симптоми кои се чести кај болеста ковид-19.

Ренука Рош од Универзитетот во Мичиген вели дека таквата бура во човечкото тело би можела да објасни зошто толку аспекти на ковид-19 се неповрзани, како на пример болки во мускулите, поблаг облик на болеста кај жените одошто кај мажите, склоноста на Афроамериканците да развијат компликации поради заразата со новиот коронавирус.

Тим на американски научници уште во јули објавил истражување во кое ја проучувале експресијата на гените во примероците од белодробна течност земена од девет пациенти во Кина и ги споредиле со примероците од група луѓе што немале ковид-19.

Преземено од ubavinaizdravje.mk

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: