Фудбалерите на велешки Борец против Академија Пандев (недела, 16 часот) најавуваат победа и потврда на одличниот старт на првенството и петте освоени бода во првите четири кола, од кои три ги играа на гостински терен.
Атмосферата во тимот е одлична, а играчите и стручниот штаб мирно се подготвуваат за неделниот натпревар. Сите во клубот се оптимисти дека против незгодните струмичани ќе одиграат добро и дека бодовите ќе останат во Велес.
Борец досега освои пет бода, од кои четири на гостувањата кај двата последни шампиони на Македонија Вардар и Шкендија. Победата против најпријатното македонско изненадување во фудбалска Европа, екипата на Ренова, ја испушти во последните секунди од домашниот меч, кога прими автогол, за поделба на бодовите. Едниствениот пораз досега го доживеа на гостувањето кај Струга Трим Љум со минимални 1:0.
Во моментов, на прволигашката табела Борец е на делба од петтото до осмото место, заедно со екипите на Работрнички, Ренова и Пелистер.
Погледнете ги изјавите на помошниот тренер на Борец Ангел Темелков и играчот од одбраната Никола Ристески и нивните очекувања за мечот со Академија Пандев.
Можеби ќе ве интересира: