Александар Илиевски во машка и Јана Костандиновска во женска конкуренција се победници на седмиот Велешки пливачки маратон, кој денеска се одржа на велешкото езеро „Младост“. За Илиевски ова е прв триумф на оваа трка и воопшто прва победа во годинешната сезона на далечинско пливање во Македонија, која заврши денеска.
Јана Костандиновска е победник во женска конкуренција по седми пат, односно победува откако постои оваа трка.
Оваа трка, чија патека беше долка 2500 метри, се бодуваше за генералниот пласман во Македонскиот куп во маратонско пливање, кој зарвши денеска.
На маратонот учествуваа 25 пливачи – аматери и 65 професионални пливачи, од кои 20 беа деца кои пливаа на промотивната трка во должина од 800 метри.
Оваа година поради актуелната состојба со пандемијата Ковид-19, Велешкиот пливачки маратон беше од национален карактер и со применување на протоколите за изведување на трките подготвени од Националната пливачка федерација.
На настанот беа присутни претседателот на Националната пливачка федерација, Александар Филипчев и светскиот првак во маратонско пливање за 2016 година, Томи Стефановски.
Традиционалниот „Велешки пливачки маратон” го организираше Здружението за спорт и рекреација „Клуб 28” од Велес, со финансиска и техничка поддршка од Општина Велес, Националната пливачка федерација, Кајак Клуб Бабуна и ОО на Црвен крст – Велес.
Погледнете како изгледаше трката снимена од вода и изјавите на двајцата победници во професионална конкуренција, од легендата на македонското маратонско пливање Томи Стефановски и градоначалникот на Велес Аце Коцевски.
Можеби ќе ве интересира: