Побаран притвор за гостиварецот осомничен за убиство на својата сопруга

Slika ubiec Gostivar
Slika ubiec Gostivar

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 1 и 2 од Кривичниот законик.

Zito akcija 640x289px

„Осомничениот 67-годишен гостиварец, на 9 септември, при вршење семејно насилство, на свиреп начин со умисла ја лишил од живот неговата сопруга. Тие подолг временски период имале меѓусебни расправии, а на критичниот ден осомничениот влегол во дневната соба со секира во рацете и на оштетената и задал неколку удари со сечилото во пределот на главата. Потоа од кујната зел нож и со него и задал повеќе убоди во стомакот. Откако се уверил дека ја убил, излегол од куќата и најпрвин со велосипед, а потоа и пеш се упатил во правец на Сува Гора. Извесно време бил во шумата над селото Страјане, но потоа се симнал на патот, каде бил фатен и лишен од слобода од овластени полициски службеници“ се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Agria

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Гостивар доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​

Извор: libertas

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: