Се урива зградата на поранешниот АТД Диспанзер во близина на зградата на ЕВН во Велес. Општината најавува дека овој простор ќе го адаптира во привремен паркинг. Зградата веќе подолг период не е во употреба, па затоа општината се реши да ја урне и на нејзино место да создаде паркинг места за стотина автомобили.
„Парцелата на која се наоѓа зградата на Диспанзерот се адаптира во привремен паркинг простор, при што Велес ќе добие нов простор за паркирање за стотина возила, на површина од околу 1200 м2. Со оваа постапка делумно се решава проблемот со недостаток на паркинг места во овој дел од градот кој е густо населен“, велат од општина Велес.
Општина Велес апелира до граѓаните кои имаат бесправно поставени гаражи во близина на зградата на Диспанзерот, да ги отстранат за време на викенд деновите (сабота, 12 септември и недела, 13 септември 2020 година) со цел непречено да се одвиваат градежните работи.
Можеби ќе ве интересира: