Франција забележа рекордни нови 10 560 нови позитивни случаи на коронавирус во последните 24 часа, објави денеска Институтот за јавно здравје.
Бројот на заразени нагло се зголеми во последните неколку недели, откако поголемиот дел од летото, по 55-дневниот карантин од 17 март до 11 мај, помина со низок број на случаи.
Франција беше една од најпогодените европски земји од пандемијата на вирусот Ковид 19, а досега починале 30 910 лица.
Лекарите, апелираат до луѓето да ги сведат на минимум средбите со семејството и пријателите. Тие исто така предупредија да ги избегнуваат собирите во мали простории без вентилација.
Можеби ќе ве интересира: