Реклама

Дел од раководната структура на Интегра, преминува во ВМРО-ДПМНЕ

mickoski34-2

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска одржа прес-конференција пред партиското седиште заедно со поранешниот потпретседател на Интегра Воислав Зафировски, на која соопштија дека раководните структури на Интегра преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ. За лидерот на Интегра Љупчо Ристовски, Мицкоски кажа дека бил плаќан од други партии за да делува како лажна опозиција и да прави раздор во опозицијата.

Zito akcija 640x289px

Зафировски рече дека лидерот на партијата ја претворил во секта во која не дозволувал да се слушне туѓо мислење сметајќи се себе си за пророк.

Agria

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека во периодот кој следи ќе почне процесот на окрупнување на опозицијата во кој повеќе партии и организации ќе се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ.

Од Интегра велат дека нема преминување на раководството, а на последните предвремени парламентани избори партијата освои над 12 илјади гласови но не успеа да освои пратенички мандат.

Можеби ќе ве интересира: